Во селото Војник, Кумановско живеел воденичарот Митре со својата жена Бојана. Нив им се родил син првенец на 01.01.1655 и го крстиле Петар. Кога имал десет години Петар често работел со татко му во воденицата каде доаѓал еден грк – трговец кој се изненадил од силата на момчето и кога разбрал дека се вика Петар што на старогрчки значи камен односно, го нарекол Карпош. Карпош за првпат се соочил со турското самоволие кога имал само 15 години, на Ѓурѓовден 1670 год во црквата Св. Ѓорѓи во с. Старо Нагоричане кога во црквата дошле Турци – арачлии кои првин добро се најале а потоа на сите присутни мажи им дале нови даноци кои тие требале да ги плаќаат на бегот.
Данокот го разлутил Карпош кој одлучил да замине од татковата куќа. Првото негово вработување било во селото Коњух, Кратовско, кај богатиот селанец Киро. Работел најразлични работи и бидејќи бил многу вреден и внимателен го привлекол вниманието на ќерката на газда Киро – Калина која имала 17 години и се вљубила во 18-годишниот Карпош. Кога Калина му соопштила на Карпош дека очекува негово дете тој ја побарал за жена од татко и Киро кој се спротивставил на тоа неговота ќерка да се омажи за сиромешен селанец. Тоа ги натерало Карпош и Калина да побегнат и да започнат заеднички живот. Карпош се вработил во кратовскиот рудник “Згура”. Наскоро тој си изградил куќа за своето семејство, жената Калина и синот Димитар. Карпош успеал во рудникот да стане рудар предводник но откако убил еден Турчин надзорник бил принуден да избега и се до 1680 година ништо не се знае за него. Таа година тој се вратил во с. Војник кај татко му каде била засолнета жена му со двата сина. Карпош продолжува да работи во воденицата на татко му но и тука не останал мирен туку се судрил со неколку турски даночници и бегот. Плашејќи се од одмаздата на бегот Карпош избегал во шума во околина на с. Страцин, од тука заминува во Осоговска планина и се одметнува во ајдути. Во тоа време Султанот Мехмед IV вршел подготовки за освојување на средна Европа, сакал мир во земјата и помирување со ајдути па ги амнестирал а Карпош бил именуван за мартолоз – војник од посебен род војска, еден вид селска милиција. Настаните кои означија пресврт во Австриско-Турската војна и доаѓање на австриската војска во Србија и завземањето на Ниш имаше пресудно влијание врз одлуките на Карпош. Карпош ги повикал своите војводи и видни граѓани на кои им ја соопштил својата одлука за кревање на востание, тој лично заминал за Кратово и Пробиштип давајќи им знак на рударите да се придружат на неговото – Карпошевото востаниe.