Историјат на ООУ Карпош

Нашето основно училиште е основано во далечната 1928 година како четиригодишно основно училиште. По краток прекин за време на втората светска војна продолжува со работа во 1945 како четиригодишно основно училиште. Во 1960 година училиштето прераснува во осумгодишно основно училиште и во својот состав ги вклучува и подрачните училишта во с. Љубодраг и с. Никуштак. Особена карактеристика, по која учлиштето се разликува од повеќе други е тоа што од секогаш во неговиот состав имало ученици од најразлични националности, па заради тоа наставата до 2005/2006 учебна година се изведуваше на македонски, српски и албански јазик.

До 1984 година наставата од прво до четврто одделение се изведувала на македонски и српски наставен јазик додека од петто до осмо одделение на српски наставен јазик во централното училиште и подрачното училиште во с. Љубодраг. Наставата во подрачното училиште во с. Никуштак се изведуваше на албански наставен јазик. Од 2004 година наставата се изведува само на македонски наставен јазик. Со најновата територијална поделба од 2005 година подрачното училиште во с. Никуштак не е во состав на ОУ Карпош с. Умин Дол.

Изработено од СофтМак Куманово © 2009