Интернет презентација на ООУ Карпош село Умин Дол

Училиштето се наоѓа на десет километри оддалеченост од градот, во правец на стариот пат за Скопје тргнувајки од Куманово, и представува единствена културно-образовна институција во селото. Од учебната 2005/2006 година наставата во централното училиште и подрачното во
с. Љубодраг се изведува само на македонски наставен јазик, поради демографски и политички промени настанати во овој реон иако во училиштето доминираат ученици од српска националност, а останатите се од македонска националност. Образовно-социјален статус на родителите на еден дел од учениците е неповолен, па сето тоа се рефлектира и во училишниот живот.
Повеќе години на назад училиштето се соочуваше со недостиг на материјални средства за реконструкции, санирање и одржување на ентериерот и екстериерот, но во поново време со донации и проекти се овозможи обновување и санација на дел од просторот во кој престојуваат учениците. Тука можеме да ги спомнеме и проектите кои се во тек а со чија реализација ќе се подобрат условите за изведување на воспитно-образовната дејност во училиштето.

Сврти наредна страна

Изработено од СофтМак Куманово © 2009